Friday, September 27, 2013

Празнотија



Не му дозволувам на болот да ме јаде одвнатре.
а чувствувам како
сум ништожно празна.
На раскрс помеѓу
она што сум
и она што бев.
А бев,
наивност со
младешко лице
и гради полни живот.
Бев..
Веќе не сум.

Се стареело и на осумнаесет,
и староста била потешка
зошто малкуте спомени
ми ги откинале
со грубите раце на ништожност,
и крвнички, со зборови
ми ја распарале душата.
Силно,
до бол!
Громогласна смеа
со лош хорор призвук..
Си го ситат егото
со неисплакани солзи
што се тискаат во очите,
а јас глумам некаква сила
додека сум толку проклето празна.
Не му дозволувам на болот
да ме јаде одвнатре,
а тој одамна ми го свлечкал животот
низ невидливите рани
кои крварат без крв.
Кукла
Со конци
Или без
Сеедно
Празна.




2 comments:

  1. Добро е кога она што го чувствуваш понекогаш можеш да го пронајдеш и во туѓите мисли. Ептен ми се допаѓа :)

    ReplyDelete